More

    Со години се бори со ракот, а сега остана и без здравствено осигурување

    spot_img

    Американската актерка Шенен Доерти, најпозната по улогата на Бренда во хит серијата од 1990-тите „Беверли Хилс 90210“, со години се бори со ракот на дојката, малигна болест која и се врати пред две години откако во 2017 година влезе во ремисија. Сега таа објави дека синдикатот на актерите САГ-АФРТА одбил да и ги покрие медицинските трошоци бидејќи таа не заработила 26.470 долари во изминатата година, што е минимум за да се квалификува за здравствено осигурување.

    „Работам од мојата десетгодишна возраст и редовно плаќам членарина на синдикатот, а кога веќе не можам да снимам поради болеста, на никој не му е грижа за мене. Мислам дека можеме и мораме подобро“, напиша Шанен Доерти во своето соопштение и ја покани својата колешка Фран Дрешер, претседателка на здружението, да направи нешто во врска со тоа прашање. На таа функција е избрана Фран Дрешер, а и самата го победи ракот на матката.

    „Правото на здравствено осигурување не смее да се поврзува со висината на приходите во последната година, бидејќи на овој начин сите сме осудени да останеме без право на лекување во борбата против долга и тешка болест“, додаде 51- годишната Доерти, која со своите следбеници редовно споделува информации за својата  здравствена состојба.

    „Во 2015 година ми беше дијагностициран рак на дојка. Имав мастектомија и бев на хемотерапија и зрачење. Имав многу крвавења од носот поради хемотерапијата. Не сум сигурна дали некој од вас го доживеал ова. Освен тоа, бев ужасно изморена. Но, се развеселив, кога ги облеков смешните пижами што ми ги подари пријателката Кристи“, изјави порано Шенон.

    „Изгледав смешно и можев да се смеам на себе во сето тоа. Се надевам дека сите ќе најдеме хумор кога тоа изгледа невозможно, бидејќи тоа навистина помага“, рекла актерката и додала дека болеста пред две години и се вратила.

    „Чувствувам дека како јавна личност имам одговорност да зборувам за мојата борба и да ги едуцирам луѓето. Покрај тоа, сакам да покажам дека дури и тешко болните луѓе се сè уште живи и можат да бидат многу активни. Мојот сопруг вели дека живеам поинтензивно и страсно од многу мои врсници без здравствени проблеми“, додала Доерти, која од 2011 година е во трет брак со фотографот Курт Исвариенко.

    „Живеам од ден на ден и се трудам да уживам во малите нешта кои луѓето често не ги забележуваат и ги земаат здраво за готово“, заклучила актерката.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img