Папата има сериозни здравствени проблеми

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Последниот јавен настап на папата Франциск предизвика загриженост за неговото здравје, поради тоа што 87-годишниот папа се бореше со говорот, но и со движењето.

Во текот на последната недела и половина, Франциск имаше мали здравствени проблеми. На 24 февруари Ватикан објави дека папата боледува од лесна форма на грип. Неколку дена подоцна тој бил однесен во римската универзитетска болница Гемели на дијагностички тестови.

Врз основа на неговото појавување на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, се чини дека здравствените проблеми на папата, сепак, не се минато.

Тој мораше да побара од својот помошник да ги прочита неговите забелешки, кои беа неделниот говор на папата пред општата публика. Тој и рекол на толпата дека неговиот асистент го прави тоа затоа што се уште е настинат и не знае добро да чита. На крајот од говорот, Франциск зборуваше накратко, пренесува „Њузвик“.

Според „Јутарњи“, Папата имал проблеми и да се качува по скалите на своето специјално возило „Попемобил“. Дури и држејќи се за оградите, Франциск не можел да влезе во возилото, па го внеле додека толпата го бодрела. Во еден момент до него дошло дете и го прегрнало.

На X (поранешен Твитер) беше споделено видео од папата Франциско како се мачи да влезе во папамобилот.

 

Share This Article