Дваесет и тригодишна девојка е повредена попладнево во пукотница во центарот на Сараево, поточно во Башчаршија.
Триесетгодишниот маж кој е осомничен за инцидентот е уапсен.
Пукањето се случило околу 16:30 часот.
– Пукањето се случило на раскрсницата на улиците Телали и Сафвет-бег Башагиќ во сараевската општина Стари Град. Во таа прилика е рането женско лице (2001 г.), кое се здобило со повреди на десната потколеница и е пренесено на Клинички Центарот на Универзитетот во Сараево, каде и е укажана лекарска помош – изјави Мерсиха Новалиќ, Портпаролката на МУП на кантонот Сараево.