Пакистанскиот државјанин Асиф Мерчант е обвинет за заговор за убиство на Доналд Трамп, поранешниот американски претседател и кандидат за претседател на Републиканската партија на изборите што ќе се одржат во првиот вторник во ноември.
Тој бил уапсен минатиот месец, според документите на федералниот суд во Бруклин.
Асиф Мерчант од Пакистан одлетал во САД, каде се обидел да изнајми платен убиец, објави Еј-Би-Си Њуз.
Обвинителството тврди дека Пакистанецот, кој до неодамна престојувал во Иран, се обидел да ангажира платен убиец со 5.000 долари.
Лицето со кое контактирал бил доверлив информатор кој работел за ФБИ, според обвинението. Асиф бил уапсен на 12 јули, ден пред митингот на Трамп во Батлер, Пенсилванија, каде што беше застрелан во увото.
Инспекторите рекоа дека не пронашле врска меѓу странските оперативци и Томас Крукс (20), кој беше убиен откако се обиде да го убие Трамп од покрив во близина на бината.
Апсењето може да помогне да се објаснат безбедносните промени во последен момент на митингот на Трамп. Собирот за прв пат беше обезбеден со снајперисти од Тајната служба.