Уна Чолиќ, ќерката на регионалната ѕвезда Здравко Чолиќ, редовно ги известува своите следбеници на социјалните мрежи за своите активности, а последните објави предизвикаа вистинска бура кај нејзините обажаватели.
Имено, Уна неодамна објави фотографии со своето момче, чие лице и овојпат реши да го сокрие.
Парот отпатувал за Словенија, па во Италија, а колку се вљубени откриваат романтични кадри од овие земји.
Уна ги почести своите следбеници со фотографии на кои може да се види како уживаат возејќи мотор, додека таа го прегрнува својот сакан. По возењето решиле да ја прослават љубовта во ресторан со чаша вино.
Уна има 22 години, а Здравко Чолиќ покрај неа има уште една помлада ќерка – Лара.