More

    Славниот водител побарал старателство над сопругата

    spot_img

    Американскиот водител и комичар Џеј Лено (73) во петокот поднел правна документациија за да стане правен „чувар на имотот“ на својата сопруга Мејвис Лено (77), која боледува од Алцхајмерова болест. Оваа форма на управување со имотот на лицата кои се физички или ментално неспособни сами да го прават тоа, во Америка се нарекува конзерваторство. А со години во таа форма, таткото на поп принцезата Бритни Спирс, управувал со нејзиниот живот и имот.

    Дијагнозата на сопругата на Џеј, како што пренесуваат извори за американскиот портал ТМЗ, дава основа за конзерваторство, што би значело дека Мејвис повеќе не е способна сама да се грижи за себе.

    Џеј и Мејвис последен пат беа фотографирани заедно на јавен настан во ноември минатата година во Лос Анџелес. Не е познато кога е утврдена оваа дијагноза, прогресивната болест која започнува со губење на меморијата и е најчеста форма на деменција.

    Во документите до кои дошол споменатиот медиум, се наведува дека „Мејвис веќе неколку години постепено го губи капацитетот за ориентација во однос на просторот и времето“.

    Тие се во брак со децении, од 1980 година, а се запознале во седумдесеттите. Двојката нема деца, а за таа одлука е одговорна Мејвис, пренесуваат странските медиуми..

    Џеј Лено е еден од најпопуларните комичари, писатели и водители во Америка, а во своето ток-шоу „Вечерно шоу“ (The Tonight Show) беше домаќин на некои од најпознатите светски имиња.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img