More

    Остатоци од антички трговски град пронајдени на Кипар

    spot_img

    Остатоци од антички трговски град пронајдени на КипарОстатоците од античко пристаниште и трговски град се пронајдени во јужниот дел на Кипар за време на ископувањата предводени од шведскиот универзитет Гетеборг, соопшти управата за антиквитети на медитеранскиот остров.

    Градот на брегот на солено езеро во близина на Ларнака, кој се проценува на најмалку 25 хектари, датира од доцното бронзено време и го достигнал својот врв помеѓу 1.600 и 1.100 година п.н.е., изјави Јоргос Георгиу, привремен директор на Кипарската управа за антиквитети.

    „Градот беше богат благодарение на производството на бакар и трговијата со блиските и далечните култури“, додаде тој во писмениот одговор до АФП.

    Пронајдените предмети при ископувањето водат до заклучок дека градот бил трговски центар, рече тој.

    Освен тоа, гробовите пронајдени на локалитетот се меѓу најлуксузните пронајдени во Медитеранот, соопшти тим шведски експерти.

    „Најдовме повеќе од 500 целосни предмети во две гробници“, објави на веб-страницата на универзитетот Питер Фишер, професор по археологија и водач на експедицијата.

    Тој додаде дека околу половина од артиклите се увезени од Египет, Авганистан и Индија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img