More

    Штрајк на вработените на аеродромите во Германија, се очекува откажување на повеќе од 1.000 летови

    spot_img

    Вработените во безбедноста на неколку аеродроми во Германија денеска стапија во штрајк и се очекува во текот на денот да бидат откажани повеќе од илјада летови.

    Во Франкфурт откажани се 310 летови од вкупно 1.120 планирани полетувања и слетувања, а може да има уште откажувања во текот на денот, изјави за AFP портпаролот на Фрапорт, операторот на најголемиот германски аеродром.

    Како што е најавено, откажани се летовите и на аеродромот Берлин-Бранденбург. Откажување најавија и други германски аеродроми поради недостаток на персонал за безбедносни проверки.

    Вториот по големина аеродром во Германија, во Минхен, не е вклучен во штрајкот.

    Најголемиот синдикат на вработени во јавниот сектор „вер.ди“ ги повика вработените на штрајк.

    Како што претходно објави ДПА, се очекува повеќето од 25.000 вработени во контролата на патници и стоки, како и оние кои работат во сервисни служби, како што се возачите на аеродромски автобуси, да престанат со работа 24 часа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img