More

    Османи на Младински форум: Решителноста на младите може да поттикне промени

    spot_img

    Во присуство на младински претставници од земјите-учеснички во ОБСЕ, Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи денеска во едукативниот центар М6 во Скопје ја отвори Конференцијата за млади која се одржува на тема „Младински иновации и претприемништво: создавање одржлива иднина во регионот на ОБСЕ“.

     Конференцијата е организирана во рамки на Претседавањето на Северна Македонија со Организацијата, а за време на интерактивните сесии учесниците ќе имаат можност да изнаоѓаат иновативни решенија за решавање на социјалните и еколошките проблеми во нивните заедници.

     Во своето обраќање, Османи истакна дека вклучувањето на младите е клучно за улогата на ОБСЕ во промовирањето на мирот и безбедноста, и тоа уште од Хелсиншкиот акт од 1975 година кога земјите-учеснички се обврзаа да ги вклучат младите „со посебен осврт на оние главни проблеми на човештвото чие решение бара заеднички пристап и поширока меѓународна соработка“.

     Тој додаде дека оваа посветеност и натаму е гаранција дека ОБСЕ претставува платформа за зајакнување и засилување на гласовите на генерациите што доаѓаат.

     „Зајакнувањето на младите е еден од нашите централни приоритети. Северна Македонија и нашиот регион имаат само корист од регионалната младинска соработка и иницијативите кои ја промовираат културата на дијалог, толеранцијата и помирувањето. Со оглед на тоа што денешниот свет се бори со толку многу предизвици, со цело срце верувам дека младите се најдобрата инвестиција за иднината“, рече Османи.

     Тој ја искористи приликата и да му се заблагодари на својот специјален претставник за млади, Мемет Жаку, за енергијата и посветеноста со која ја исполнува својата улога и истакна дека резултат на нивната работа е токму и денешниот младински форум.

     Зборувајќи за важноста од интерактивно вклучување на младите и на институционално ниво, тој подвлече дека резултатите, идеите и препораките на младите ќе бидат дел од дневниот ред и на Министерскиот совет, највисокото тело за одлучување, кој ќе се одржи на крајот на овој месец во Скопје.

     „Во рамките на ОБСЕ, младите не само што можат да зборуваат, туку нивните гласови навистина се слушаат, а вашата енергија, вашиот идеализам и вашата решителност е она што може да поттикне промени и да изнуди решенија за многуте тешки предизвици со кои заеднички се соочуваме“, рече Османи.

     На крајот од своето обраќање, Османи додаде и дека дијалогот е клучен и лежи во срцето на Организацијата, и тоа дијалог помеѓу младите, помеѓу генерациите, помеѓу државите, преку границите, низ континентите…

     „Мораме да се слушаме, да ги почитуваме различните мислења, да соработуваме на заеднички цели, да ги вклучиме сите. Бидејќи младите не се само корисници на нашите постапки, туку и партнери во нашата мисија како ОБСЕ, нашите вредности и принципи и нашата улога како единствена платформа за дијалог“, заклучи Османи. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img