Охриѓанката Ивана Илоски вчера оствари несекојдневен подвиг, трчајќи ултра маратон околу Охридското Езеро во вкупна должина од 101,2 километри.

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Охриѓанката Ивана Илоски вчера оствари несекојдневен подвиг, трчајќи ултра маратон околу Охридското Езеро во вкупна должина од 101,2 километри. За таквиот јуначки чин и’ беа потребни нешто над 11 часови константно трчање, во правец Охрид – Струга – Ќафасан – Поградец – Свети Наум – Охрид.
Ивана скоро две децении живее во Сиднеј, Австралија, и го користи секој слободен момент за тренирање и маратонско трчање. Досега учествувала во поголем број маратони со меѓународен карактер, а после двегодишните Ковид забрани конечно можеше да дојде и да ја посети фамилијата во Охрид.
“Отсекогаш имав желба да истрчам околу Охридското Езеро, па оваа година, токму на мојот именден, конечно си ја остварив. Патеката е со многу предизвици, особено на потегот од Свети Наум кон Охрид. Пријатно сум изненадена од инфраструктурата на албанската страна, каде што низ целата крајбрежна линија постои современа патека за велосипеди и пешаци. Времето беше претополо за ваков екстремен и исцрпувачки физички напор, но вистинскиот маратонец никогаш не се откажува.” – изјави Ивана веднаш после пристигнувањето на градскиот плоштад во Охрид.
“За пасионираните маратонци низ целиот свет ваквите патеки во должина од 100 километри се вистински магнет. Кога и од македонска страна би се оформила асфалтирана патека за трчање, тоа би бил полн погодок. Во комбинација со вакви breath-taking убавини на нашето езеро и со толку многу питорескнa околина, сигурна сум дека Охрид Ултра Маратон може многу лесно да се организира секоја година на Иванден, а притоа во рекорден рок да постигне и меѓународен карактер” – потенцираше Ивана.

Share This Article