Русија денеска по две одложувања во претходните денови ја лансираше ракетата „Ангара-А5“ од новиот космодром „Восточни“ на Далечниот Исток.
Неколку минути по лансирањето, „Ангара“, летајќи со брзина од повеќе од 25.000 километри на час, влезе во атмосферата, пренесува Ројтерс.
Русија го започна проектот „Ангара“ неколку години по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година. Првиот пробен лет беше извршен во 2014 година, вториот шест години подоцна, додека ова е прво лансирање од космодромот Восточни.