More

    ОХРИД ПОДГОТВЕН ЗА БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ

    spot_img

    Привршуваат подготовките за одбележување на големиот христијански празник Богојавление- Водици во Охрид. Денес  ќе заврши  китењето на централното градско подрачје  и пристаништето со зеленило и верски знамиња.  Во рамки на предвиденото веќе е исчистен делот од езерото и кејот   каде ќе бидат  сместени капачите  и каде ќе се одвива полагањето на светиот крст.

    Чествувањата по повод големиот христијански празник Богојавление -Водици ќе започнат во раните утрински часови на 19 јануари ( петок). Богослужбите во охридските парохиски цркви ќе започнат во 7 часот наутро, а точно во 10 часот од Градското пристанишете ќе биде положен Светиот крст во водите на Охридското Езеро.

    По чинот на Богојавленскиот водосвет, околу пладне на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ предвидена е забавна програма за посетителите, со концерт на групата „Некст Тајм“.

    Истиот ден во 12 часот на месноста Сараиште ќе биде организирано групно крштевање во Охридското Езеро, а сите заинтересирани ќе може да се пријават во црквата „Свети Никола Геракомија“. Во Центарот за култура „Григор Прличев“, во организација на Црвен Крст од 9 до 15 часот ќе се одржи традиционалната крводарителска акција.

    Во сите парохиски цркви во Охрид во тек  е  пријавувањето на капачите кои сакаат да бидат дел од настанот. До сега покрај бројните охриѓани, своето учество го пријавиле и голем број верници од други градови на Македонија.

    Прославата за Водици во Охрид, продолжуваат на 20-ти јануари со  манифесатција „Денот на рибарите“ во чест на празникот Свети Јован Крстител.  Традиционалното капење на рибарите и годинава ќе се одржи на месноста „Сараиште“ и истата ќе биде надополнета со повеќе културни и забавни содржини. Оваа година ќе биде послужена и храна која е карактеристична за трпезите на овој празник..

    Најмасовната културно-верска манифестација посветена на големиот христијански празник Богојавление – Водици

    Во согласност со востановената традиција, најмасовната црковно – културна манифестација посветена на празникот Богојавление- Водици е составена од два дела. Првиот дел е црковниот дел, за кој е задолжена Дебарско-кичевската епархија при МПЦ и вториот дел е граѓански,  што го координира Општина Охрид и се однесува на целокупната празнична програма.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img