More

    Огромни бранови поплавија делови од американската воена база во Тихиот Океан за време на викендот

    spot_img

    Огромни бранови поплавија делови од американската воена база во Тихиот Океан за време на викендот, предизвикувајќи штета за која ќе бидат потребни месеци за да се санираат, се вели во извештајот на американската војска.

    На видеото објавено на Твитер се гледа како голем бран удира во ресторан на островот Рои-Намур, вториот по големина остров во атолот Квајалеин, кој е дом на полигонот за тестирање на балистичка ракетна одбрана на американската војска на Маршалските Острови.
    Видеото, на кое се гледа како морската вода ги крши вратите и прозорците и го носи мебелот, е снимено околу 21 часот по локално време во саботата.

     

    Во видеото објавено на Фејсбук, полковникот Дру Морган вели дека „непредвидливи, огромни бранови“ го погодиле северниот дел на островчето и предизвикале само полесни повреди.
    Во извештајот на американската војска се наведува дека штетата на инфраструктурата на островот е голема.

    Можеби ќе ве интересира

    „Неколку области на островот се под вода. Оштетени се станбени згради, автомобилски комплекс, театар и капела на островот# – се наведува во соопштението од армијата.

    Во извештајот не се споменува никаква штета на воената инфраструктура.

    Метеорологот на Си-ен-ен, Роберт Шакелфорд, рече дека видеото изгледа покажува непредвидлив, невообичаено голем бран што се појавува во серија од неколку помали бранови.

    Американската метеоролошка служба вели дека овие бранови се непредвидливи, најмалку двојно поголеми од околните бранови и можат да доаѓаат од различните правци од ветровите и брановите.

    Шекелфорд вели дека штетите од овие бранови се влошуваат со зголемувањето на нивото на морето предизвикано од климатските промени.

    Највисоката надморска височина на Рои-Намур е помала од 4 метри. Островот е мал, со вкупна површина од околу 2,5 квадратни километри, а од Хаваи е на околу 3.900 километри. На островот има околу 1.300 Американци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img