More

    Бислимоски соопшти дека во јануарската сметка за струја нема да се пресмета надоместокот за мрежа

    spot_img

    Во декемвриските сметки за струја е содржан надоместокот за мрежа од 200 денари што е правилно и според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, но за да ги тргнеме сомнежите дека тоа е екстра профит за некоја компанија, одлучивме во јануарските сметки овој надоместок да го нема, информира денеска  првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски.

    Оваа одлука на Регулаторот дојде по реакциите на граѓаните дека надоместокот им е пресметан во декемвриската сметка, а важноста на овој надоместок е од 1 јануари.

    Бислимоски информира дека од февруарските сметки па натаму  овој надоместок ќе го има во сметките.

    – РКЕ укажа на Електродистрибуција тоа да го направи. Во јануарските сметки, нема да биде тој надоместок. Понатака до крајот на година, ќе си го има надоместокот од 200 денари. РКЕ го прави ова за да ги убедиме сите дека новиот надоместок нема да биде екстра профит за ниту една компанија. Довербата што треба да се гради меѓу потрошувачите и операторот на дистрибутивниот систем, мораме да ја промовираме и зголемување. Во таа насока, во јануарските сметки што граѓаните ќе ги добијат во февруари, ќе го нема надоместокот од 200 денари – рече Бислимоски на прес-конференција.

    Надоместокот, според првиот човек на РКЕ, не го згрешиле од Електродистрибуција.

    -Ова се прави за да бидат сите на чисто и да се зголеми довербата. Не станува збор за грешка – дециден е Бислимоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img