Искусниот десен бек Авдија Вршајевиќ го напушти ФК Сараево по само една сезона.
Оваа вест ја потврдија од тимот на Бордо, а 37-годишниот фудбалер си замина по истекот на договорот.
„Авдија Вршајевиќ и ФК Сараево нема да ја продолжат соработката по истекот на важечкиот договор на играчот на крајот од претходната натпреварувачка сезона. Вршајевиќ пристигна во нашиот клуб во септември 2022 година и вкупно пет настапи во бордо дресот.
На Авдија и посакуваме многу среќа и успех во кариерата“, велат од тимот на Бордо.
Вршајевиќ кариерата ја започна во ТОШК Тешње, а играше и за Жељезничар, Челик, Спарта Праг, Кладно, Татран Прешов, Хајдук, Осмалиспор, Акисарспор и Умранијееспор.
За репрезентацијата на Босна и Херцеговина одигра 17 натпревари и постигна два гола, од кои еден против Иран на Светското првенство во Бразил во 2014 година.