More

    Одржана работна средба со претставници на Проектот на USAID North Macedonia за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите

    spot_img

    Во текот на вчерашниот ден се одржа работна средба со претставниците на Проектот на USAID North Macedonia за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите. На состанокот разговаравме  за позитивните промени како резултат на 18 месечната техничката поддршка од Проектот на USAID North Macedonia за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.

    Споделуваме дел од нив:

    Подготвен Извештај со препораки за подобрување на организациските капацитети за администрирање на локалните даноци,

    Зголемен капацитет на даночното одделение за ажурирање на базата на податоци за данок на имот,

    Ажурирана база на податоци за данок на имот со поддршка на практикант, за чиј ангажман Проектот обезбеди финансиски средства за период од 6 месеци,

    Информирање на даночните обврзници за плаќањето на данокот на имот, преку едукативната кампања “Мој данок за мојата општина” споделена на веб-страница на општината на следниот линк: https://debrca.gov.mk/

    Индексот на даночната транспарентност на Општина Дебрца

    за 2022‐2023 изнесува 50% (од можни 100 %) во однос на 2021-2022 кога изнесувал 33%,

    Подготвена Предлог-програма за еднакви можности за жените и мажите за 2023,

    Буџетската транспарентност за 2022-2023 изнесува 12 (од можни 16) индексни поени, во споредба со 2021-2022, кога изнесувала 11, и

    Подобрена активната транспарентност која во 2023 година изнесува 89.91% , во однос на 2022 кога изнесуваше 82,6%.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img