More

    Одржан е првиот светски натпревар со вештачка интелигенција за убавина, а победничка е мароканската ВИ инфлуенсерка Кенза Лејли

    spot_img

    Одржан е првиот светски натпревар со вештачка интелигенција за убавина, а победничка е мароканската ВИ инфлуенсерка Кенза Лејли.

    Кенза Лејли, компјутерски генерирана марокански инфлуенсерка, ја освои наградата Fanvue World AI Creator Awards. Тимот кој стои зад неа ја победи конкуренцијата од 1.500 други компјутерски генерирани жени и освоија награда од 13.000 долари, пишува „Дејли мејл“.

    Судиите рекле дека се импресионирани од напредната технологија што се крие зад Кенза, како и од нејзината уверлива „личност“.

    „Она што сакавме да го оцениме беше технологијата зад инфлуенсерката направена со вештачката интелигенција. Ова значи, на пример, доследност во објавите и фотографиите“, рекла Софија Новалес, членка на жирито, додавајќи дека е особено импресионирана од тоа што Кенза отстапувала од типичниот стандард на убавина.

    „Од искуство знам дека е многу тешко да се создаде нешто што не е стандардно убаво и совршено како останатото“, рекла таа.

    Примајќи ја наградата, креаторот на Кенза рекол: „Победата на изборот за Мис на вештачка интелигенција уште повеќе ме мотивира да продолжам со својата работа за унапредување на ВИ технологијата.

    Повеќе од 194.000 луѓе ја следат Кенза на Инстаграм. Со помош на вештачката интелигенција, Кенза зборува седум различни јазици. Нејзиниот креатор создал и видео во кое Кенза се заблагодарува за титулата Мис на вештачка интелигенција.

     

    „Чест ми е да се биде крунисана за Мис ВИ. Искрено им благодарам на моите неверојатни следбеници за нивната поддршка и на моите ценети членови на жирито за оваа неверојатна можност. Возбудена сум што ги претставувам креаторите на вештачката интелигенција, мојата земја Мароко, арапскиот свет и го промовирам позитивното влијание на технологијата на нашата иднина“, рекла победничката.

    „Ова патување беше доказ за моќта на иновациите, соработката и подигањето на стандардите за да се обликува нашата иднина“, заклучила Кенза.

    На второ место се најде Лалина, ВИ инфлуенсерка што ја следат 118.000 следбеници.

     

    На третото место е Португалката Оливија Ц, која се претставува како ВИ патувачка инфлуенсерка.

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img