More

    Откриена причината за смртта на порно ѕвездата Џеси Џејн и нејзиното момче

    spot_img

    Порно ѕвездата Џеси Џејн и нејзиното момче Брет Хасенмилер беа пронајдени мртви во нивниот дом во Мур, Оклахома, во јануари оваа година, а сега е откриена и причината за смртта.

    Џејн починала од случајно предозирање со фентанил и кокаин, пренесува американскиот портал. Како што е познато, веста за смртта на 43-годишната порно актерка на почетокот на годината изненади многумина.

    Џејн била пронајдена мртва во домот во Мур со нејзиното момче Брет. Иако некои тогаш велеа дека причината е предозирање со дрога, дури вчера беше потврдено дека се работи за предозирање со кокаин и фентанил.

    Џеси Џејн беше една од најголемите порно ѕвезди во 2000-тите, појавувајќи се во проекти како што се „Pirates II: Stagnetti’s Revenge“, чија продукција наводно чинела повеќе од 8 милиони долари, „Starsky & Hutch“, „Entourage“ и „The Bad Girls Club“. Ѕвездата, чие вистинско име беше Синди Тејлор, работеше и за „Плејбој“.

    Таа, исто така, се појави во бројни документарни филмови за порно индустријата, вклучувајќи го и документарецот на Си-ен-би-си, „Porn: Business of Pleasure“. Накратко се повлече од екраните во 2017 година, но се врати во 2019 година, а креираше и многу успешна линија на секс играчки.

    Порно актерката се оствари и како мајка кога роди син во 2000 година. Инаку, од 2005 до 2012 година беше во брак со Рич Тејлор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img