Претседателот на Украина и канадскиот премиер во неделата поздравија поранешен член на контроверзната 1-ва галициска дивизија СС, која се бореше за нацистите во Втората светска војна, додека присуствуваа на седница на парламентот во Отава, според сликите што ги сподели Асошиејтед прес. Се работи за 98-годишниот воен ветеран Јарослав Хунка, кој доби овации од присутните во Долниот дом.
Подоцна, спикерот на Долниот дом на Канада ссе извини за одликувањето на човек кој соработувал со нацистите.
„Во моите забелешки по обраќањето на претседателот на Украина, јас одликува една личност во галеријата (на Долниот дом). Последователно станав свесен за повеќе информации што предизвикуваат жалење за мојата одлука да го направам тоа“, рече Рота во изјавата.
На една од фотографиите, направена во Долниот дом во петокот, се гледа Владимир Зеленски како ја стега тупаницата, а Џастин Трудо му аплаудира на ветеранот. Хунка емигрирал во Канада по Втората светска војна.
На настанот првата галицијска дивизија беше именувана како „Прва украинска дивизија“. Историјата вели дека таа била 14-та Вафен-гренадирска дивизија на СС-силите и била волонтерска единица.
Првата галициска дивизија била составена од нацистите во 1943 година, кога Советскиот Сојуз добивал предност на Источниот фронт. Содржела околу 80.000 доброволци, главно Украинци, од регионот на Галиција, што го опфаќа сега југозападна Полска и западна Украина.
Озлогласената единица учествуваше во брутални антигерилски операции низ Полска и советска Украина. Дивизијата се поврзува со масакри и други злосторства врз полското, еврејското и руското цивилно население.
Таа беше уништена од Црвената армија во јули 1944 година и набрзо беше ребрендирана како Украинска национална армија, пред да се предаде на западните сојузници по падот на Берлин во мај 1945 година. По војната, некои од членовите на 1-та галициска дивизија побегнаа во Канада, која има голема украинска дијаспора.
За време на неговиот говор во канадскиот парламент, Зеленски рече дека Канада отсекогаш била на „светлата страна на историјата“ за време на претходните војни и се заблагодари на владата на Трудо за поддршката што ѝ ја пружи на Украина во услови на конфликт со Русија.
Рускиот амбасадор во Канада најави дека ќе побара објаснување во врска со настанот.