More

    Одбележан Меѓународниот ден на Шумите, денот на пролетта и екологијата 21-март со учениците на ООУ,,Дебрца”

    spot_img

    Денес во присуство на учениците на ООУ,,Дебрца” село Белчишта,Наставниот кадар,претставниците на Здружението за екологија и туризам  ,,Екотуризам 2016” и Градоначалникот на Општината  го одбележаа Меѓународниот ден на Шумите и денот на пролета 21-март, со засадување на дрвца во кругот на ООУ ,,Дебрца”-Село Белчишта. Засадени се дрвца од видот на автохтона круша како и од видот на Гинкото ( Ginkgo biloba) е дрво кое е единствениот жив претставник на родот гинко.  Гинкото потекнува од пред 225 милиони години, а во леденото време тоа успеало да преживее само во одредени места и  се одликува со голема отпорност на екстремни услови, истото ќе се користи за едукативни цели на учениците со  неговите каратеристики.

    Меѓународниот ден на шумите  се слави насекаде низ светот секоја година на 21 Март на меѓународно ниво, со цел да се зголеми јавната свест меѓу заедниците за вредностите, значењето и придонесот на шумите за да се балансира животниот циклус на земјата.

    Шумите се суштински дел од животот на Земјата. Тие секогаш ги исполнуваат барањата на човечките суштества преку обезбедување сенка, засолниште, освежување вклучувајќи чист воздух и вода. Во современиот свет на растечка глобална популација се зголемуваат барањата на шумските производи, така што шумите се изложени на голем ризик од уништување и деградација

    Шумите се сложена жива заедница на дрвја која обезбедува дом и засолниште за голем број на животни, а почвата под неа го населуваат разновидноста на без’рбетници, габи и бактерии кои играат значајна улога во балансирањето на циклусот на хранливи материи во почвата и во шумата.

    Целта на оваа активност е да се подигне свеста за значењето на природата и важноста на шумите и нивната заштита.

     

    “Кај ќе најдеш згодно место

    Ти дрво засади,

    дрвото е благородно,

    тоа ќе те награди “

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img