More

    Венко Филипче ги поддржа приватните специјализанти

    spot_img

    „Приватните специјализанти треба да бидат платени и понатаму во согласност со растот на платите на лекарите”, напиша ексминистерот Филипче откако приватните специјализанти најавија протест, со што ги поддржа нивните барања.

    Тој вели дека тие го бараат само она што го заслужуваат и сподели фотографија од операциона сала каде заедно со колешки на специјализација изведува операција.

    „Обезбедувањето плата за приватните специјализанти за прв пат во историјата, беше плод на мојата соработка со нив додека бев министер. Одлуките за нивните права и барања секогаш ги носевме заедно во еден инклузивен процес. Тоа така мора да продолжи и во иднина. Приватните специјализанти треба да бидат платени и понатаму во согласност со растот на платите на лекарите”, истакнува Филипче.

    Додека Венко Филипче беше министер за здравство, приватните специјализанти за прв пат добија плата која сега бараат да биде покачена согласно растот на платите во државата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img