Од МВР потврдија дека ги завршиле проверките и нема експлозивни направи

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Од Министерството за внатрешни работи за Плусинфо информираа дека откако се завршени проверките на пријавените локации утврдено е дека се лажни дојавите за поставени бомби во молот „Ист Гејт”, хотелите „Мериот” и „Сенигалија”, салата „Борис Трајковски” и во дел од училиштата.

Претходно од МВР нѐ информираа дека е завршена проверката на Меѓународниот Аеродром во Скопје, дел од училиштата, хотелот „Александар Палас“ и зградата на Фудбалската федерација на Македонија

Инаку утрово на електронските адреси на десет училишта во Скопје и пет во Битола, како и до Фудбалската федерација на Македонија, хотелите „Александар Палас”, „Мериот” и „Сенигалија”, трговскиот центар „Ист Гејт”, спортска сала „Борис Трајковски” и Меѓународниот аеродром „Скопје” беше упатена закана за поставена експлозивна направа.

Деновиве цел на дојави за бомби, покрај училишта, се и институции, трговски центри и други објекти.

Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани досега рекордни 49 дојави за бомби, за кои полицијата по проверките посочија дека се лажни.

Share This Article