More

    Меџити: Во кабинетот на претседателот Пендаровски се преговараше за враќање на поранешниот премиер Груевски на 9 мај – денот кога се слави победата над фашизмот и Денот на Европа

    spot_img

    Во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски се преговараше за враќање на поранешниот премиер Никола Груевски на 9 мај – денот кога се слави победата над фашизмот и Денот на Европа – изјави синоќа во емисија за ТВ Клан Изет Меџити, лидер на новоформираното „Демократско движење“ и поранешен функционер на ДУИ.

    Меџити тврди дека не е точно дека некој од опозицијата барал од претседателот Пендаровски да го помилува Груевски, туку тоа било направено по иницијатива на владејачките партии.

    Меџити нагласи дека тој и албанската опозиција имаат факти за тоа кој бил на средбата со Пендаровски за да преговара за враќање на Груевски, споменувајќи го и денот кога се случила оваа средба.

    – Не треба многу тоа да го потврди претседателот на државата. Беше на Денот на Европа во неговиот кабинет. Така да, не зборуваме на памет – рече Меџити.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img