More

    Од ЕСМ објавија повик за набавка на енергенсот за 4 месеци

    spot_img

    ЕСМ Продажба почна постапка за набавка на природен гас за потребите на топланите за греење на градот Скопје за периодот јануари-април.

    – Испратени се покани за достава на понуди до активните лиценцирани компании за трговија и снабдување со природен гас во Република Северна Македонија и повикот е објавен и на веб страната на АД ЕСМ, во делот на ЕСМ Продажба, за деловно информирање на странски компании кои би имале интерес да поднесат понуди – информираат денеска од АД Електрани на Северна Македонија.

    Целта на повикот, како што е наведено во соопштението, е да се изберат квалификувани понудувачи со кои ќе се склучи рамковен договор за потребните количини на природен гас за периодот од 1 јануари до 30 април 2023 година.

    – Индивидуален договор, месечен или за целиот период, ќе се склучи со квалификуваниот понудувач кој има рамковен договор и најповолна цена за бараниот период. Се очекува конечен договор за набавка на природен гас да биде склучен кон крајот на декември – се наведува во соопштението од АД Електрани на Северна Македонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img