More

    Од денеска до четврток времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

    spot_img

    Од УХМР известуваат дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од денеска до четврток времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Денеска и утре (среда) наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследени со пороен дожд (за кратко време поголема количина), грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и услови за изолирана појава на град.

    Минималните температури денеска ќе се движат од 8 до 14, а максималните дневни од 14 до 23 степени.

    Во петок и сабота ќе преовладува претежно сончево време, а од недела повторно се очекува дестабилизирање на времето.

    Во Скопската Котлина времето до четврток ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме, особено денеска и утре.

    Поради локалната појава на нестабилност со пороен дожд (кој на моменти може да биде доста интензивен), придружуван со грмежи, засилен ветер и локална појава на град, се очекува наместа за кратко време да наврнат поголеми колочини на дожд кој може да предизвика зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците. Доколку се остварат прогнозите и локално паднат поголеми количини врнежи, можни се и локални излевања на некои реки и водотеци.

    Водостојот на реката Вардар во горниот дел од нејзиното течение е доста висок и иако е сè уште под границата на излеавње. Центарот за управување со кризи предупредува на внимателност во тој дел од земјата (Тетовско-Гостиварскиот дел и Полошката Котлина).

    Исто така, доколку врнежите бидат од пороен карактер и просторно бидат сконцентрирани во градските урбани средини, можна е локална и изолирана појава на одредени проблеми во население места, како и појави на одрони и свлечишта во некои делови на земјата. Се препорачува претпазливо движење покрај реките и суводолиците во текот на наредните денови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img