More

    Од 56 иницијативи за кривично гонење Обвинителството не процесирало ниту една

    spot_img

    Државната комисија за спречување на корупцијата за време на петгодишниот мандат оформила вкупно 2.872 предмети од кои 2.788 биле по пријави од областа на спречување на корупцијата, а 84 предмети се оформени по сопствена иницијатива.

    При тоа решени се 2.451 предмети, а биле поднесени 59 иницијативи за утврдување одговорност на раководни и службени лица и 56 иницијативи за покренување постапка за крвично гонење. Ниту една иницијатива за кривично гонење не била процесуирана – изјави претседателката на ДКСК Билјана Ивановска на брифинг со новинарите по повод завршување на мандатот.

    – Од нашите иницијативи за кривично гонење доставени до јавните обвинителства досега нема ниту една јавнoобвинителска одлука што стасала до суд, не само од овој состав туку од постоењето на оваа институција од 2002 година навaму, со исклучок на „Бачило“. Тоа се вкупно над 200 иницијативи за кривично гонење кои излегле од овде во последните дваесетина години како постои оваа институција – вели Ивановска.

    За тоа што треба да се преземе понатаму за ова да се промени, таа смета дека прашањето треба да се постави во правосудните органи, каде, како што посочи се потребни коренити промени, но, додаде дека и секоја институција треба да си ја врши работата за која е надлежна.

    – Со носење измени во Кривичниот законик за 24 часа, со кој што се намалија казните, со поништување на над 200 предмети, и со еден процент доверба во судството, резултатите се такви какви што ги гледаме. Значи, прво треба да бидеме јасни пред себе дали сме за искрена борба против корупција, или за декларативна – посочува Ивановска.

    Како најголем успех на Комисијата Ивановска ги наведе 56-те иницијативи за покренување постапка за крвично гонење и 59-те иницијативи за утврдување одговорност на раководни и службени лица.

    – Сите тие се однесуваат на високи профили на функционери, и сите се поткрепени со доказен материјал кои Обвинителството требаше да ги има предвид, да не ги третира како пријава од обичен граѓан. Затоа што дел од тие наоди се потпираат на ревизорски извештаи. Горди сме и на сите иницијативи до Уставен суд иако беа отфрлени – и за поранешен претседател ни држеше иницијативата, и за „Бехтел и Енка“ за носење на законот по кратка постапка, затоа што Уставот се крши со тоа, но така функционира државата и час поскоро тоа треба да се промени – рече Ивановска.

    За членот на Комисијата Нури Бајрами, очигледно е дека политиката нема волја за реформи, бидејќи институциите им служат за наградување на партиските кадри со поставување на раководни функциии.

    Актуелниот состав на ДКСК ќе одржи уште една седница в понеделник во рамки на својот мандат. Новиот состав на ДКСК, кој беше избран од Собранието, ќе стапи на должност на 8 февруари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img