More

    Обраќање на Претседателката на СКРМ, Вера Атанасовска до Министерство за култура

    spot_img
    Обраќање на Претседателката на СКРМ, Вера Атанасовска до Министерство за култура / Ministria e Kulturës
    “После сите реакции кои стигнаа до мене од страна на вработени во Министерство за култура / Ministria e Kulturës , а во врска со моето излагање како Претседателка на Синдикатот на културата на Република Македонија на вчерашниот протест, ќе го кажам следново:
    Вработените во Министерството за култура треба да прават разлика помеѓу синдикален претставник и министер. Министерот ги носи одлуките сам. Зад синдикалниот претставник стои Совет од 56 члена и 1500 членство. Моите излагања и делувања се одобрени и поддржани од Советот на СКРМ и членството, а вработените во Министерството за култура треба да се запрашаат заради што постои толкав гнев и која е генералната слика која ја испраќа Министерството за култура кај вработените во културата.
    Искажувањето на гневот беше насочен кон поединци од Министерството, истите тие поединци кои ние како СКРМ ги спомнувавме во нашите последни објави, но никогаш не ги кажавме јавно со име и презиме. Им дадовме шанса и уште им даваме, да погледнат кон хоризонтот и да ја разберат суштината на синдикалната борба и желбата и можноста за подобро утре на сите.
    Јас сум Претседателка на СКРМ но, во исто време ги извршувам и моите секојдневни работни задачи. Како археолог немам потреба да се срамам и да ми биде непријатно што ги уживам правата од работен однос согласно Колективниот договор за култура. Со Колективниот договор за култура, заврши времето кога Министерството еднострано одлучуваше кое право од работен однос следува, а кое не. Секој археолог, секое стручно лице во државата кое извршува работни задачи надвор од зградата на седиштето на работодавецот има право на теренски додаток утврден со Колективен договор. Висината на теренскиот додаток е јавно достапна. И тој додаток кој следува согласно Колективниот договор не може да бида причина за некој да биде “држен во рака”. Јас сум сигурна дека ако постоеше нешто за “држење во рака” одамна ќе беше јавно кажано, бидејќи СКРМ никогаш не молчел и во иднина нема да молчи.
    На Министерството за култура треба да му е јасно дека сите препреки кои доаѓаат од нивна страна, го прават СКРМ од ден на ден се поброен и сплотен во едно.
    Се надевам дека еден ден сето ова ќе биде само едно лошо минато и СКРМ заедно со нашиот социјален партнер Министерството за култура ќе биде прогресивна сила во општеството за доброто на сите чинители во културата и државата”.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img