Облачно, ветровито и студено, на планините и снег

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Под влијание на влажна и студена воздушна маса денес времето ќе биде облачно, ветровито и значително постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег, најавуваат од УХМР.

Пообилни врнежи (над 20 л/м2) ќе има во јужните и источните делови и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Дневните температури ќе се намалат за повеќе од 10 степени.

Потоа во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

Од вторник наместа ќе има утрински температури под нулата, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Share This Article