More

    Ново огласување на организаторите на „Евровизија“

    spot_img

    Холандскиот музичар Јост Клајн минатиот викенд беше исфрлен од Евровизија по наводен скандал со снимателка.

    Со оглед на тоа што сите информации за споменатиот настан сѐ уште не ѝ се познати на јавноста, наголемо се дебатира дали било праведно да се дисквалификува музичарот, кој важеше за еден од фаворитите на натпреварот.

    „Гардијан“ сега пишува дека организаторите на „Евровизија 2024“ стојат зад својата одлука.

    Организаторите го бранат својот потег да го исфрлат од финалето, посочувајќи дека „холандската страна на приказната не е во склад со изјавите на сведоците и оние кои работеле на лице место“.

    Јост Клајн може да биде кривично гонет за неколку недели поради обвинението дека ѝ се заканувал на снимателка која работела на Евровизија во Малме, Шведска, градот домаќин на овој натпревар.

    Како што пренесува „НЛ Тајмс“, тој наводно, при сослушувањето во врска со инцидентот што се случи во четвртокот вечерта, признал дека го предизвикал инцидентот.

    Извори рекле за шведскиот весник „Афтонбладет“ дека Клајн се вознемирил од толпата фотографи и сниматели кои му се приближувале и тргнал кон еден од нив со тупаница.

    Иако наводно не ја удрил жената, нејзиниот фотоапарат е оштетен и ѝ била укажана помош поради расекотина, пренесуваат шведските весници.

    Неколку очевидци ѝ рекле на полицијата дека бил „многу агресивен“, но дека набргу по инцидентот тој се извинил и рекол дека му е жал.

    И покрај неговото каење, полицијата му рекла на шведскиот јавен сервис СВТ дека верува дека доказите против Клајн се силни и дека кривичното гонење изгледа неизбежно.

    – Очекуваме дека ќе можеме тоа да го обработиме на почетокот на јуни. Вообичаено ни се потребни околу шест до осум недели за процесуирање на случајот – рекол Емил Андерсон, шеф на истражната полиција во Малме.

    Да потсетиме, по големите перипетии кои ја следат 68. „Евровизија“, пред три дена се огласи и националната телевизија на Холандија, „Авротрос“, која го организира нивниот национален натпревар.

    – Се случи инцидент по настапот минатиот четврток. Против јасниот договор, Јост беше снимен како се симнува од сцената и мораше да побрза во зелената соба. Во тој момент, Јост повеќепати покажа дека не сака да биде снимен. Тоа не се почитуваше. Тоа до доведе до заканувачки гест од Јост кон камерата. Јост не ја допре снимателката. Овој инцидент е пријавен, после што следуваше истрага од страна на ЕБУ и полицијата. Вчера и денеска имавме опсежни консултации со ЕБУ и предложивме неколку решенија. Сепак, ЕБУ одлучи да го дисквалификува Јост Клајн. „Авротрос3 смета дека казната е многу тешка и непропорционална. Ние се залагаме за добри манири, да нема недоразбирање околу тоа, но според нас, наредбата за исклучување е непропорционална со овој инцидент. Многу сме разочарани и вознемирени поради милионите фанови кои беа толку возбудени за оваа вечер. Тоа што Јост им го донесе на Холандија и Европа не требаше вака да заврши – пишувало во соопштението на јавниот сервис на Холандија на социјалните мрежи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img