More

    Нови руски напади во Украина. Во Одеса се запали магацин за храна

    spot_img

    Нови руски напади се известуваат од повеќе делови на Украина. Во нападите синоќа во Киев се повредени неколку лица, а во Одеса се запали магацин за храна.

    Нови руски напади денеска се известуваат од повеќе делови на Украина, вклучувајќи го главниот град Киев и пристанишниот град Одеса. Во нападите синоќа во Киев се повредени неколку лица, а во Одеса се запалил магацин за храна, јавува германската новинска агенција dpa.

    Најмалку пет лица се повредени во нападите синоќа во Киев, изјави пред насобраните градоначалникот на украинската престолнина Виталиј Кличко. Според украинската војска, во воздушниот простор на главниот град биле откриени и соборени вкупно 30 дронови. Делови од дронот паднале, меѓу другото, и врз станбена зграда.

    Во меѓувреме, пристанишниот град Одеса во југозападна Украина беше цел на руски крстосувачки ракети Ч-22. Во овој град покрај Црното Море се запали магацин за храна.

    Ситуацијата на источниот фронт е тензична, но под контрола, изјави командантот на украинските сили Олександр Сирски. Како што соопшти во неделата украинската армија, Сирски претходниот ден се запознал со состојбите во областа и разговарал со надлежните команданти за понатамошни мерки, особено во однос на одбраната на градот Бахмут и планот за нанесување што поголема штета на руската платеничка група Вагнер.

    Муниција и вооружување ветени на групата Вагнер
    Водачот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, во неделата изјави дека руската армија, откако се закани дека ќе ги повлече неговите луѓе од нивните позиции во Бахмут, му ветила повеќе муниција и вооружување, кои им се потребни за да продолжат со операциите.

    Според Сирски, во последните денови руските сили го зголемиле интензитетот на нападите со тешко вооружување, инсталирале посовремена опрема и ги реорганизирале своите единици. „Ова покажува дека непријателот нема да ги промени своите планови и прави се за да ја добие контролата над Бахмут и да продолжи со офанзивата“, рече Сирски, пренесе ДПА.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во своето редовно вечерно обраќање до Украинците во неделата, истакна дека светот треба да знае сè за рускиот терор врз Украинците. „Важно е светот да зборува за тоа што прави терористичката држава и како ние ги штитиме животите“, рече тој.

    Во таа насока, тој зборуваше за постојаните руски артилериски напади врз Херсон и Харков, за насилството во селата во областите долж границата со Русија и за ситуацијата во регионот на Доњецк. Според него, најважната цел на Русија е да ја уништи безбедноста, како во Украина, така и секаде во Европа, насекаде во слободниот свет.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img