Словачкиот премиер Роберт Фицо ќе биде подложен на уште една хируршка интервенција откако вчера беше застрелан со два куршуми во атентатот во Хандлова.
– Состојбата на премиерот Роберт Фицо е стабилизирана по операцијата, но сепак е сериозна – изјави вицепремиерот Роберт Калињак заедно со претставници на болницата Рузвелт во Банска Бистрица.
Според информациите на словачкиот весник Правда, премиерот го чека уште една операција, но неговите лекови можат да направат проблеми.
Абдоминалното крварење на Фиц е запрено, но сега мора да му биде извршена и операција на колкот.
Полицијата го товари напаѓачот за убиство со умисла, а му се заканува затворска казна од 25 години до доживотен затвор.
Напаѓачот, за кој медиумите велат дека е 71-годишниот писател Јурај Цинтула, рече дека е горд на својот чин. Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, вчера беше ранет во атентат во градот Хандлови, 150 километри североисточно од Братислава.