More

    Нова драма околу Евровизија, Израел во центарот на приказната

    spot_img

    Бамби Таг, претставничката на Ирска на овогодинешната Евровизија, објави дека Европската радиодифузна унија (ЕБУ) покренала истрага поради наводно кршење на правилата на израелската делегација, како и поради коментарите на водителот на програмата на израелскиот јавен сервис на сметка на музичарката.

    Имено, во текот на преносот на натпреварот, водителите на телевизијата КАН истакнале дека Бамби Таг негува непријателски чувства кон Израел, што, според тврдењата на ирската делегација, негативно влијаело на нивните резултати при гласањето на публиката и ги прекршило правилата на радиодифузната унија.

    Бамби Таг претходно раскажала дека била принудена да го смени својот костим пред првото полуфинале, бидејќи носела порака која била протолкувана како пропалестинска. Имено, таа носела лента на која со средновековно келтско писмо пишувало: „Прекин на огнот и слобода“. Пораката во последен момент е сменета во „Крунисете ја вештерката“ и то, како што тврди музичарката, само поради „наредбата од ЕБУ“.

    Истрагата ќе опфати и серија наводни инциденти со други изведувачи кои наводно се случиле во текот на пробата на костимите пред големото финале. Бамби Таг тврди дека израелската делегација ги малтретирала пејачите и ги снимала незаконски, а таа истакнала дека поради тоа не можела да учествува во дефилето на знамињата, пренесува „Еуроњус“.
    Во моментот на инцидентот, пејачката објави на својот Инстаграм:

    „Додека ја чекавме пробата на парадата на знамињата, дојде до ситуација за која верувам дека бара итно внимание од ЕБУ. Тие сериозно ја сфатија работата и разговаравме за тоа што што би требало да се преземе. Тоа значеше дека морав да ја пропуштам мојата проба за костимите, навистина ми е жал за обожавателите кои дојдоа да ме видат. Се надевам дека ќе се видиме на сцената вечерва.“

    Ирката, која се идентификува како небинарна личност, го обезбеди шестото место на крајот на натпреварот со нејзината песна „Doomsday Blue“ и контроверзниот настап во Малме, најдобар резултат за Ирска од 2000 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img