More

    Нов украински напад на една од најважните руски нафтени рафинерии

    spot_img

    Украина изврши нов напад со дрон врз нафтена рафинерија во градот Новошахтинск во Ростовската област, која се смета за една од најважните на југот на Русија.

    Украина во текот на ноќта изврши нови напади со беспилотни летала врз неколку руски региони. Еден од нападите бил насочен кон нафтена рафинерија во јужниот регион Ростов, соопшти денеска гувернерот на регионот Василиј Голубев. Тој додаде дека нападот не предизвикал жртви, но предизвикал пожар, поради што рафинеријата ја прекинала работата.

    Според руското Министерство за одбрана, противвоздушната одбрана во текот на ноќта соборила 13 украински беспилотни летала над окупираниот полуостров Крим и уште шест над Белгород. ПВО собори еден проектил над Ростовската област, пренесува француската новинска агенција АФП.

    Украина употреби и беспилотни летала за напад на рафинерија за нафта во Новошахтинск, Ростовска област. „По нападот избувна пожар во рафинеријата Новошахтинск. Работата беше прекината поради нападот, а персоналот се повлече на безбедно“, рече Голубев и додаде дека десетици пожарникари го гаснат пожарот.

    Рафинеријата во Новошахтинск се смета за една од најважните нафтени рафинерии во јужна Русија. Се наоѓа на десетина километри источно од границата со Украина и редовно е цел на напади со беспилотни летала.

    Украинските сили ноќе со дрон уништиле и резервоар за нафта во склад во Стари Оскол, северно од украинската граница, потврди гувернерот на Белгородската област Вјачеслав Гладков. Тој додаде дека пожарот бил брзо изгаснат и дека нападот нема жртви.

    Во текот на ноќта цел на напади беше и украинскиот регион Дњепропетровск. Руските сили го нападнаа регионот со 18 дронови и две балистички ракети Искандер. Воздушната одбрана собори 17 беспилотни летала, соопшти украинската војска, без да даде информации за можни жртви или штети, јави германската новинска агенција dpa.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img