Нов предлог на Москва по скандалот со прелетот на Лавров

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Додека се шпекулира повлекување на руските дипломати од Македонија, Црна Гора и од Бугарија, поради тоа што трите земји не дозволија прелетување на авионот на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, како што објави РИА, заменик-претседателот на Комитетот за меѓународни прашања на Советот на Русија предложи земјите да бидат лишени од руските енергенси, пренесува Мондо.

„ Значи, рускиот природен гас што го добиваат овие земји апсолутно не е отровен за нив, додека (забраната за) летот со руски министер е за сериозна загриженост. Прашањето е, можеби тие земји воопшто не треба да се снабдуваат со руска енергија “, напиша Џабаров на неговиот канал на Телеграм.

Сепак, во обраќањето на министерот Лавров по скандалот немаше никаква најава за отповикување дипломати или каква било одмазда.
– Одлуките кои беа донесени од некои членки на НАТО и одлуките кои ја спречија посетата на Србија од страна на рускиот министер за надворешни работи секако дека се незамисливи. Го разбирам интересот кој го покажавте за нашата проценка на овие срамни постапки. Ова е лишување од правото на една суверена држава да ја води својата надворешна политика – порача Лавров на вонредната прес-конференција.

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска рече дека не стравува од одговор од страна на Руската Федерација и дека Лавров нема да лета над Македонија сѐ додека на сила се санкциите на НАТО партнерите кон Русија.

Одлуката на трите земји да забранат прелетување портпаролката на руското МНР, Марија Захарова ја нарече себична, додавајќи дека Москва не е таа која гради железна завеса, туку дека Европа ја затвора Русија.

Share This Article