More

    Илон Маск се закани дека нема да ја купи компанијата

    spot_img

    Илон Маск се закани дека ќе се повлече од преземањето на Твитер од 44 милијарди долари, обвинувајќи ја компанијата дека ги „оневозможува“ неговите обиди да дознае повеќе за нејзината база на корисници пред да ја купи, пишува Би-Би-Си.

    Во писмото поднесено до регулаторите, Маск рече дека има право да знае и сам да истражи колку спам-профили има на Твитер. Со ова писмо Маск на хартија го официјализираше спрот кој веќе тлее со недели откако тој претходно рече дека договорот за купопродажба е „на чекање“, бидејќи тој ги очекува овие дополнителни информации од компанијата.

    Според Маск, спам-профилите на Твитер се многу повеќе од 5 отсто, како што компанијата тврди.

    „Како потенцијален сопственик на Твитер, господинот Маск очигледно има право да ги добие бараните податоци за тие да му овозможат да се подготви за преминот на Твитер во негова сопственост и да го олесни неговото финансирање на трансакциите. За да ги направи и двете, тој мора да има целосно и точно разбирање за самата суштина на бизнис моделот на Твитер – неговата активна корисничка база“, напишал во писмото адвокатот на Маск, Мајк Ринглер.

    Има и друга страна на приказната. Според некои аналитичари, Маск го користи ова прашање за спам-сметките за да може пак да се ценка за цената. Неговата моментална понуда од 54,20 долари по акција во моментов изгледа прилично дарежлива поради падот на вредноста на многу компании на берзата неделава.

    „Врз основа на досегашното однесување на Твитер, а особено на последната кореспонденција на компанијата, г-дин Маск верува дека компанијата активно се спротивставува и ги попречува неговите права да ги добие информациите“, се вели во писмото и се додава:

    „Ова е јасно материјално прекршување на обврските на Твитер според договорот и г-дин Маск ги задржува сите права што произлегуваат од него, вклучувајќи го и правото да не ја заврши трансакцијата и неговото право да го раскине договорот“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img