Седумкратниот шампион Ѓоковиќ го победи Џејкоб Фернли со 6:3, 6:4, 5:7, 7:5 и в сабота ќе игра против Алексеј Попирин.
– Честитки за него за одличниот натпревар. Се бореше, веруваше иако беше во негатива од два сета и еден брејк. Не бев ниту јас на ниво. Многу предизвикувачки услови, ветровито. Не беше лесно да се најде вистинското темпо. Мислам направив доволно за да победам. Имав и среќа што не заостанав. Се надевам дека ќе бидам подобар во иднина – изјави Ѓоковиќ.
Негов следен ривал ќе биде Алексеј Попирин, кој го елиминира Томаш Мартин Ечевери по пет сета.
– Го видов како победи во трилер од пет сета. Сака да игра сервис+форхенд. Имавме одличен натпревар во Австралија. Мислам дека има добри движења, Станува збор за комплетен играч. Висок е, сервира добро, и ќе биде тешко да се игра против него. Можеби клучот ќе биде ако добро ги прочитам неговите сервиси. Затоа очекувам голем предизвик и пред се силен противник – изјави Ѓоковиќ.