More

    Ниту еден музичар не треба да го доживее ова на сцена, и пишуваат на социјалните мрежи на британската пејачка со албанско потекло Бебе Реџа откако некој и фрли мобилен телефон во глава

    spot_img

    Ниту еден музичар не треба да го доживее ова на сцена, и пишуваат на социјалните мрежи на британската пејачка со албанско потекло Бебе Реџа (33) откако некој и фрли мобилен телефон во глава.

    Беба падна на колена и со раце го фати местото на ударот, а набрзо доби и помош од лекар од зад сцената. Сега пејачката се огласи на Инстаграм и им порача на своите обожаватели како се чувствува.

    „Добро сум“, напиша кратко заедно со фотографиите на кои се гледа нејзиниот очен капак  во модринки и исечената веѓа, а над окото добила и три конци, пишуваа претходно странските медиуми.

     

    Беба објави и друга фотографија на која покажа како изгледа нејзиното лице по повредата.

    „Држи се“, Ова е толку извртено“, „Зошто некој некому би му фрлил мобилен во глава?“, „Страшно, ти посакувам брзо закрепнување“, пејачката доби само зборови на поддршка во коментарите.

     

    Инаку, непријатното искуство го снимија обожавателите, а видеото набрзо стана вирално.

    „Некој уништи толку добар концерт“, напишаа обожавателите.

    Наводно човекот кој ја удрил го уапсиле и чека судење, пишува магазинот „Пипл“.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img