More

    Никола Груевски за аферата „Феникс“

    spot_img

    На веста за покренување истрага за аферата „Феникс“, поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук, меѓу другото, коментира:

    „Зад оваа постапка стојат исплашени политичари, на чело со Заев, кој и понатаму има огромно влијание во правосудниот систем и нему блиски луѓе од политиката, од неговата партија СДСМ, но и од други партии.

    Токму поради тоа влијание тој и си дозволува правосудството да го користи освен во политички и во криминални бизнис цели и активности.

    Исплашените политичари имаат причина да бидат исплашени. Премногу зло направија и се уште прават убедени дека така вечно ќе просперираат. Нема!!! Историјата го покажала тоа. Тоа се природни закони.

    Едно треба да знаат, дека какво и зло сега да прават скриени како глувци зад провосудниот систем кого го контролираат и зад партиите, нема да успеат и дека не треба нив друг да ги уништи, бидејќи самите ќе се уништат, како што веќе и го прават тоа, затоа што нечесните методи со кои работат ќе доведат до тоа.

    Единствениот проблем е што додека самите себе да се уништат ќе го загорчат, и го загорчуваат животот на многу невини луѓе и ќе направат, и веќе прават, и направија голема штета на Македонија.

    Замислете со какво нелогично, недемократско, незаконско и глупаво образложение ги ставиле политичките опоненти на листата на осомничени.

    Образложиле дека со својата политичка моќ и влијание влијаеле владата како колективен орган да предложи и парламентот со колективна одлука да донесе закон за Буџет, од кој произлегува законската можност подоцна со која со одлука на владата, повторно како колективен орган, одредени парични средства да се дадат на располагање на општините за изградба на спомен обележја во општините.

    Не постои држава во светот во која некој функционер кој предложил некоја идеја, зад која застанало мнозинството во парламентот и донело одлука, а потоа и владата, или како претседавач на седницата на владата потпишал одлука на владата која колективно и без исклучок ја прифатило таа одлука, да биде кривично гонет за злоупотреба на службена должност.Нема таква земја!

    Во другите демократски земји тоа се нарекува креирање и спроведување на политики за кои на избори народот одлучува дали биле добри или не, а мнозинството народ во Македонија знаме како одлучи на сите парламентарни избори од 2006 година до 2016 година. Во сите мнозинството граѓани дадоа доверба на тие политики.

    Понатаму кажуваат во завиена форма дека дел од осомничените подолу на листата наводно переле пари преку тоа, оставајќи впечаток, а особено со медиумските наслови на блиските до нив медиуми, на дека сите осомничени тоа го правеле.

    Судејки по тоа како ме обвинуваа и судеа мене во други случаи, како што е предметот за плацеви и станови каде без елементарен доказ дека сум земал или дал, платил или ми платиле пари или имот, со двајца, не сведоци туку уценети обвинети кои долго ги држеа во притвор како форма на нечовечки притисок и уцена, кои по три пати ги менуваа изјавите во обвинителството и судот, ме прогласија за виновен, не исклучувам и верувам дека и ова нивно сомнение е со иста тежина на тие докази против тие луѓе кои ги сомничат за некаква проневера и перење на пари.

    Исто така, кажуваат дека некоја фирма од Италија која победила на тендер и на јавно електронско наддавање, чии сопственици не ги познавам, дала некој споменик на подизведувач во Италија, кој за помали пари го изработил.

    Се прашувам што има чудно и незаконски во тоа, кога знаеме дека речиси на секој тендер за патишта, згради, водоводи, канализации и што ли уште не, фирмата која победува користи делумно или целосно подизведувачи, кои исто така за помали пари го завршуваат тоа. И тоа не е само во Македонија, туку во цела Европа и во цел свет. И не било само така порано, така е и сега и така ќе биде во иднина. Затоа што тоа е законски секаде и секогаш.

    Но, очигледна е тенденцијата проектот и политичката гарнитура од тоа време да се оцрнат, бидејќи досегашните 15 годишни напори им даваат многу малку плод, затоа што народот гледа и расудува со какви хохштаплери, криминалци, измамници и предавници си има работа, кои до вчера сакаа да ги рушат спомениците, брусеа шахти, ставаа нови натписи и што ли не.

    Она што народот го знае е дека спомениците и сите проекти од т.н. проект „Скопје 2014“ година се создаваа со огромна љубов и патриотски чувства на чинителите, а ако за некој поединец тврдат дека нешто проневерил, треба да понудат на јавноста и судот цврсти и многу реални докази за тоа, а не прес конференции на незавршени истраги и со општи флоскули, темпирано во време кога треба да се „испере задникот“ на оној кој им дал инструкција токму сега да говорат за ова, со цел да ги заташкаат криминалите на поединци од власта на која и се лојални и за која спроведуваат безброј политички прогони и со намера да им дозволат барем ден-два полесно да дишат на скриените преплашени политичари и „големи водачи“ зад овој циркус, кој кога здраворазумниот народ ги слуша нивните небулозни изјави често се прашува: „на кои дроги се овие луѓе“ и „дали е можно да се толку ниско интелегентни за да не сметаат нас народот за толку не интелегентни“?

    П.С. Би сакал сега да ме погледнат во очи оние кои до вчера пуштаа лажни информации за некаков мој договор со власта и слични ниски лажни информации од исплашени политичари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img