More

    21 отсто од матурантите ќе студираат во странство

    spot_img

    Квалитетот на студиските програми, рејтингот на универзитетите и студирањето на некој близок надвор од државата се причина 21 процент од матурантите од четири региони годинава да заминат на некој од факултетите во странство. Атрактивни дестинации за студирање се Словенија и Бугарија, покажуваат најновите истражувања на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.

    Универзитетскиот професор Страшко Стојановски во видео разговор во прес центарот на МИА во Штип, што во целост ќе биде објавен утре, вели дека ова истражување е дел од поголем проект, којшто заеднички го работат неколку професори и студенти. Истражувањата се со наслов „Млади миграции, образование“. Вакво истражување и анкета се направени и пред пет години што дозволува компорација на резулатите.

    Стојановски посочува дека со овие истражувања може да се забележи дека интересот за студирање на средношколците надвор од државата е речиси дуплирано односно од 13 проценти пред пет години,  сега процентот е зголемен на 21 процент.

    – И можеме веќе да согледаме некои податоци и одредени тенденции иако премногу рано би рекол, бидејќи имаме само две вакви истражувања. Има уште едно истражување што се однесуваше на миграции што минатата година го презентиравме. Тоа се општи ставови на младите по однос на прашања на миграции, а ова истражување се однесуваше на образовна мотивација за миграција на младите во прв ред, и се однесуваше на матуранти односно на ученици во трета и четврта година во средните училишта. Од четири плански региони, најголем дел од училиштата беа опфатени. Значи тоа се дваесетина средни училишта од 13-14 градови во овие региони, почнувајќи од Североисточниот, Источниот, Југоисточниот и Повардарскиот плански регион – вели Стојановски.

    Прашан кои се причините и зошто младите сакаат да студираат во толкав процент надвор од земјава, Стојановски посочува дека мотивацијата главно е поврзана со перспективи и со некакви економски критериуми, а тоа се повторува и од претходното истражување од минатата година.

    Младите во анкетата велат дека економскиот фактор е клучен фактор за миграција и градење на професионалната кариера надвор од државата.

    – Околу 30 проценти не би студирале од средношколците. Кога се работи за образовна мотивација, тука не можеме да зборуваме веднаш „ад хок“ за трајно иселување на младите, односно тоа е само индикатор дека може да постои тенденција. Тоа иселување привремено, коешто би било поврзано со надополнување на образованието, односно премин од секундарно кон терцијално, понатаму во иднина се придвижува кон трајно иселување. Младите доколку по претпоставка се социјализираат во тие држави, доколку изградат доволно конекции, доколку имаат можности за вработување, тие се разбира дека би останале –  вели Стојановски.

    Во видео разговорот за МИА, Стојановски забележува дека сериозен индикатор е како ќе ги третираме образовните политики на некои од државите. Во прв ред тука е Словенија, а, како што вели, тие дошле до заклучок дека не се работи за класично образовна политика на Словенија, туку за класична демографска стратегија, а образовниот аспект е само елемент во таа демографска стратегија на Словенија да привлекува население од други држави. Забележува дека сите земји имаат проблеми со   демографските потенцијали, а младото население е она коешто ја придвижува државата и коешто обезбедува државата да има некаква перспектива.

    –  Словенија го има тоа решено. Еден од аспектите е само оваа образовна политика којашто ја прават на начин со којшто би привлекле евентуално население, бидејќи овие образовни програми се однесуваат на државите од Југоисточна Европа,  коишто се дел од Западен Балкан, со исклучок на Хрватска, и привлекуваат население буквално од бившите југословенски простори. Претпоставка е дека културолошки се блиски, претпоставувам дека правеле анализи и сумирања пред да ги направат ваквите стратегии и тоа го реализираат во пракса привлекувајќи студенти. Понатаму кога ќе бидат тие студенти во трета или четврта година, на добар дел од нив им се нудат и работни места и едноставно општеството е поинклузивно кога се работи за инкорпорирање на потенцијалните млади луѓе кои доаѓаат од околните региони – појаснува Стојановски.

    Тој смета дека нашиот образовниот систем и не е толку лош, што го покажуваат и резулатите на македонските студенти кои студираат во Словенија.

    – Сме разговарале со колеги од Љубљанскиот Универзитет. Од топ 10 студенти кои се на Љубљанскиот универзитет, пет се со потекло од Македонија. Значи имаме квалитетен систем. Треба да не креираме стереотипи, затоа што и тоа исто така влијае врз перспективите на младите и треба да се истакнуваат добрите примери. Имаме добри примери на млади успешни луѓе. Не е лошо понекогаш да имаме и такви приказни, а не само доминација на негативни вести, дневна политика на медиумите – порачува Стојановски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img