Никогаш не сум рекол дека Вреди ќе ја напушти Владата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Сериозно работиме за надминување на проблемот со нашите европски интеграции, а уставни измени ќе има кога ќе бидеме сигурни дека нема да имаме потенцијално вето од Бугарија и кога ќе изнајдеме решение кое ќе го гарантира завршетокот на овој процесот, порача денеска министерот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Орхан Муртезани.

– Никогаш не сум велел дека како Вреди ќе излеземе од Владата ако нема уставни измени на крајот од годината. Кога ја формиравме Владата не го направивме тоа со една нога надвор, а со една внатре и не со уцени дека ќе ја напуштаме Владата – рече Муртезани во одговор на пратеничко прашање од Горан Мисовски од СДСМ.

Мисовски го праша дали Вреди ќе ја напушти Владата затоа што не е исполнет условот уставните измени да бидат донесени до Нова година.

Тој нагласи дека не држи ставот дека новата Влада го блокирала патот кон ЕУ.

– Тоа е како вие да сте ги отвориле сите поглавја и сега ние сме тие што го саботираме овој процес, што не е вистина. Има само разлика во пристапот кој ние го имаме од она што е направено досега. Ние не се служиме со пи-ар како вие, туку велиме дека ќе се обидеме да изнајдеме решение – рече Муртезани.

Дека новата Влада работи на изнаоѓање на решение, како што кажа, имаат потврдено сите европски и американски претставници кои ја посетиле земјава.

– Владата не работи само декларативно, туку работи сериозно за надминување на проблемот. Не е значајно колку месеци ќе трае тоа. Кога ќе бидеме сигурни дека нема да имаме потенцијално вето од Бугарија тогаш уставните измени ќе дојдат пред вас во Собранието и ќе бидат само техничко прашање за да осигураме 80 пратеници – потенцира Муртезани.

Share This Article