Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел нема да се согласи на прекин на огнот, бидејќи тоа би било еквивалентно на предавање на Хамас и тероризмот.
Нетанјаху одржа прес-конференција додека израелските трупи навлегоа подлабоко во Појасот Газа, а главниот воен портпарол на Израел предупреди дека воените операции на територијата ќе „ескалираат“.
Тој додаде дека повиците за прекин на огнот се исто што и „повикот до Израел да му се предаде на Хамас, да се предаде на тероризмот и варварството“.
– Тоа нема да се случи. Библијата вели дека има време за мир и време за војна. Ова е време за војна – рече израелскиот премиер.
Тој го повика светот „да не се предава на тиранијата и теророт“.
– Израел не ја започна оваа војна. Израел не ја сакаше оваа војна. Но, Израел ќе победи во оваа војна. Хамас „силуваше жени“ и „обезглавуваше мажи“ за време на нивниот напад на 7 октомври – рече Нетанјаху.
Тој ги опиша нивните постапки како „најстрашните злосторства што можат да се замислат“.