Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го нарече правилна одлука договорот со Хамас за прекин на огнот со цел ослободување на дел од израелските заложници и ослободување на одреден број Палестинци од израелските затвори.
Според договорот, до 100 израелски заложници ќе бидат разменети за до 300 палестински затвореници.
Нетанјаху, сепак, додава дека по спроведувањето на договорот за размена на заложници за Палестинците осудени на затворски казни, војната ќе продолжи се додека Израел не ги исполни своите цели.
Израелскиот премиер смета дека враќањето на заложниците е етичко прашање, нагласувајќи дека ќе се искористи секоја можност за конечно ослободување на сите заложници киднапирани од Хамас во убиствената кампања против Израел на 7 октомври. За еден ден таа група убила 1.200 луѓе, главно жители на кибуц и млади луѓе кои учествувале на музички фестивал.
Израел одговори на масакрот со прогласување на воена состојба и општа мобилизација и започна воздушна и копнена офанзива против Појасот Газа. Палестинското Министерство за здравство, под контрола на Хамас, тврди дека досега во таа офанзива загинале околу 16.000 луѓе, но оваа бројка подоцна беше оспорена.
Според некои извештаи, размената треба да започне во петок, додека други се уште го споменуваат четвртокот.