More

    Недостатокот на јод во организмот може да биде опасен по здравјето, но и неговиот вишок

    spot_img

    Лекарите секогаш предупредуваат за важноста на витамините во организмот, но има и некои други елементи кои се многу важни за правилното функционирање на организмот. Еден од нив е јод.

    Јодот е најтешкиот хемиски елемент кој се јавува во биолошките организми и е доста редок во почвата и водата.

    Тоа доведува до недостаток на јод во организмот, што предизвикува бројни здравствени проблеми. Проблемот со дефицитот на јод кај нас, како и во повеќето развиени земји, се решава со јодизирање на солта.

    Се проценува дека недостатокот на јод загрозува околу две милијарди луѓе и е главната причина за ментална ретардација. Недостатокот на јод ја намалува интелигенцијата за 10 до 15 проценти. 700 милиони луѓе во светот боледуваат од гушавост, за кој е одговорен и недостатокот на јод, пренесува Ordinacija.hr.

    Јодот е потребен за нормално функционирање на тироидната жлезда, како и за производство на тироидните хормони Т3 и Т4. Не е добро да се има премногу или премалку, а неговото ниво лесно може да се провери со анализа на урина или крв.

    Симптоми на недостаток на јод
    Постојат многу симптоми кои луѓето често ги припишуваат на други болести и состојби, но всушност се одраз на недостаток на јод.

    Еве некои од нив:

    – гушавост

    – замор и слабост

    – тешкотии со концентрација и меморија

    – дебелеење

    – сува кожа и коса

    – промени во расположението

    – нарушување на регулацијата на телесната температура

    – промени во менструалниот циклус

    Јодот може да се внесе во телото преку некои намирници, додека други ја попречуваат неговата апсорпција. Меѓу намирниците богати со јод се млечните производи, јајцата, морски риби, алги, школки, соја, сусам, лук, блитва, тиквички, цвекло и спанаќ.

    Од друга страна, лиснатиот зеленчук како кељот, брокулата и карфиолот содржат супстанции кои ги попречуваат метаболичките функции на јодот и работата на тироидната жлезда.

    Пушењето може да доведе и до недостаток на јод, што е особено опасно за време на доењето. Имено, хемикалиите од цигарата ја спречуваат активноста на ензимот потребен за навлегување на јод во клетките.

    Премногу јод во телото
    Премногу јод може да предизвика симптоми слични на оние предизвикани од недостаток, вклучувајќи гушавост, покачени нивоа на хормонот TSH и хипотироидизам. Во некои екстремни случаи, може да стане токсичен ако се земаат повеќе од 1,1 милиграми дневно.

    Труењето со јод може да се препознае по металниот вкус во устата, зголемениот, иритираниот интестинален систем и промените на кожата, пренесува Danas.rs.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img