More

    „Не знам дали смеам да го кажам тоа сега овде, да продолжиме“ – одговор на Ѓоковиќ на италијански на прашањето дали тој навива за Милан

    spot_img

    „Не знам дали смеам да го кажам тоа сега овде, да продолжиме“.

    Вака на италијански одговори тенискиот ас Новак Ѓоковиќ на прашањето дали тој навива за Милан. Новак со своето познавање на италијанскиот јазик ја освои ТВ-водителката Мелиса. Тој беше интервјуиран во очекување на мастерсот во Торино, каде ќе биде во „групата на смртта“ заедно со Стефанос Циципас, Данило Медведев и со Андреј Рубљов, пишува Мондо.

     

    Во втората група ќе бидат Рафаел Надал, Каспер Руд, Феликс Огер-Алиасим и Тејлор Фриц, кои влегоа по повлекувањето на Карлос Алкараз.

    – За мене е големо задоволство што играм овде, секогаш уживам да играм во Италија. Кога зборувам италијански, верувам дека на луѓето овде повеќе им се допаѓа. Ова е еден од најголемите турнири во нашиот спорт, најдобрите играчи на планетата учествуваат. Истовремено, одговорност е да се подготвиме што е можно подобро и да го доведеме телото во најдобра состојба за крајот на годината. Последниот пат загубив во полуфинале, па би сакал да направам чекор понатаму оваа година – рече Новак.

    Едно од прашањата се однесуваше на соборувањето рекорди како дополнителна мотивација за играње тенис.

    – Рекордите сега се дел од мотивацијата, навистина, јас и Надал сме меѓу постарите овде, но знаеме како се чувствуваат, и ние бевме млади  – заврши Ѓоковиќ со насмевка и успеа да го насмее и Рафа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img