More

    Не се знае дали и кога пак ќе почне да превезува патници

    spot_img

    Укинат е едниот од вкупно двата дневни патнички возови од Скопје кон Гевгелија, и обратно. Тоа се возот бр. 611, кој поаѓаше од Скопје во 6:23 часот и возот бр. 632, кој тргнуваше од Гевгелија во 17:02 часот.

    Во кусото соопштение од МЖ Транспорт нема образложение зошто е укинат возот и кога ќе почне повторно да сообраќа.

    За Гевгелија останува да вози единствениот патничкиот воз, кој тргнува од Скопје во 16:55 часот, а од Гевгелија во 4:40 часот. На оваа релација сообраќаа два пара патнички воза, и двата електрични.

    Со возниот ред на Железници на РСМ Транспорт, кој е на сила од 10 декември 2023 година и има важност до 14 декември 2024 година, е предвидено од скопската железничка станица за Битола да има три поаѓања на возовите – во 6:53, 14:30 и во 20:05 часот.

    Од Битола за главниот град возовите поаѓаат во 3:14, 12:47 и во 18:23 часот. Предвидено е утринскиот воз од Скопје да сообраќа до Жабени, во близина на македонско-грчката граница, кој ќе поаѓа од ова населено место за Битола во 11:00 часот.

    Од пред една недела, МЖ Транспорт ги врати во сообраќај двата патнички воза од Скопје за Битола и назад, кои беа расипани и четири месеци надвор од употреба.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img