More

    Предмет од вселената паднал врз куќа на Флорида

    spot_img

    Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека го анализира објектот што неодамна паднал од „небото“ врз куќа на Флорида. Веројатно се работи за фрагмент од отфрлен дел од Меѓународната вселенска станица (ISS).

    Алехандро Отеро од Неплес на Флорида објави на Твитер дека неидентификуван предмет го пробил кровот и поминал низ 2 ката од неговиот дом на 8 март, при што за малку ќе го повредел неговиот син.
    Отеро верува дека неговата куќа била погодена од дел од товарниот контејнер со стари батерии кои НАСА ги исфрлила од ISS во 2021 година. Резервоарот, како што предвидуваше агенцијата, требало да изгори безопасно над земјината атмосфера на 8 март.

    Отеро, исто така, објави снимка од неговата надзорна камера од објект кој пропаѓа низ покривот во 14:34 часот по локално време.

    „Значи, тоа е 19:34 UTC, што е во согласност со проценката на Вселенските сили за влез во атмосферата над Заливот – 19:29 UTC. Мислам дека можеби сте во право и тоа е канистерот за батерии ЕП-9“ – коментира во  својата објава астрофизичарот Џонатан Мекдауел.

     

    Наскоро стигна одговор и од НАСА.

    “Во договор со сопственикот на куќата, го собравме предметниот објект. Ќе го анализираме во вселенскиот центар Кенеди на Флорида што е можно поскоро за да го утврдиме неговото потекло. Дополнителни информации ќе бидат достапни по анализата” – соопштиле од НАСА за АФП.

    Според извештајот на Ars Technica, батериите биле во сопственост на НАСА, но тие биле во контејнер лансиран од јапонската вселенска агенција – што потенцијално ја комплицира ја одговорноста за штетата што е направена на куќата на Флорида.

    Ова не е прв пат „вселенски отпад“ да предизвикува проблеми на Земјата. На пример, во 2022 година, дел од капсулата SpaceX Dragon падна на австралиска фарма за овци. Скајлаб, првата американска вселенска станица, се урна во Западна Австралија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img