More

    Злосторството во училиштето во Финска бил однапред испланиран

    spot_img

    12-годишно момче обвинето за убиство на еден и рани двајца ученици во училиште во Финска однапред го планирало нападот, соопшти финската полиција.

    Полицијата навела дека тоа е утврдено врз основа на податоците пронајдени во електронските уреди што ги одзеле од осомничениот, пренесува Ројтерс.

    Во прелиминарната истрага пронајдени се докази кои укажуваат дека делото било планирано“, се вели во соопштението на полицијата.
    Полицијата соопшти дека има прелиминарни информации за тоа како 12-годишниот осомничен го набавил пиштолот, кој му припаѓал на близок роднина, но истрагата се уште е во тек.

    Финските медиуми претходно објавија дека осомничениот бил жртва на малтретирање на училиште и дека мотивот за нападот е директно поврзан со насилството што го претрпел на училиште.

    Дванаесетгодишно момче е убиено во вторник во пукотница во училиштето „Вијертола“ во градот Ванта, додека две повредени девојчиња се префрлени во болница во тешка состојба.

    Напаѓачот бил фатен во Силтамаки, предградие на Хелсинки и не дал отпор при апсењето, соопшти претходно полицијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img