More

    Навивачите на Тотенхем се радуваа на поразот бидејќи Арсенал е се подалеку од титулата

    spot_img

    Вчера голем број на навивачи на Тотенхем се радуваа кога клубот за кон навиваат губеше од Манчестер Сити, а тоа не можеше да си поверува ниту тренерот

    Имено, чудната ситуација доаѓа поради тоа што на тој начин Арсенал е ставен во непријатна положба во пресрет на последното коло од англиското првенство во кое му е потребно чудо за да дојде до првата титула по пауза од 20 години. Сепак, на оние најверните фанови на Тотенхем не им е важно што се случува со другите и не им е многу пријатно кога гледаат како на домашен терен се слават победите на останатите екипи.

    Еден од нив вчера многу се изнервира и пријави двајца кои бурно го славеа водството на Манчестер Сити. Прво отиде до нив да ги прекори, а потоа го повика обезбедувањето кое ги истера „предавниците“ од стадионот. За жал на Тотенхем, останатите кои се радуваа останаа на трибините до крајот.

     

     

    Toтенхем вчера беше поразен од Манчестер Сити со 0:2, а лондонскиот клуб беше во таква ситуација што поголем дел од неговите навивачи посакуваа пораз за лутиот градски ривал Арсенал да не ја освои титулата.

    Уште пред натпреварот тренерот на Тотенхем, Постекоглу порача дека не може да си поверува дека има навивачи кои сакаат да загубат, вчера го покажа тоа и во текот на натпреварот.

    Имено, во текот на натпреварот Постекоглу влезе во расправија со еден од фановите на стадионот кој посакуваше пораз поради Арсенал.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img