More

    Науката ја прогласи жената со најубава вилица на светот

    spot_img

    Белгиските научници Maurice Mommaerts и Robbert Cleymaet спроведоа истражување за да утврдат која жена има најубава вилица според златниот пресек.

    Од учесниците во истражувањето било побарано да оценат различни делови од вилиците на 53 познати жени. После тоа, откриле дека американската манекенка Џиџи Хадид има речиси совршена вилица од 141,9 степени (од профилот), што е многу блиску до „совршениот“ агол од 142 степени (според златниот пресек).

    Резултатите од истражувањето се објавени во Журналот за кранио-максило-фацијална хирургија.

    „Неверојатно е како релативно малите разлики во линијата на вилицата на жената можат да имаат толку големо влијание врз она што ние го сметаме за привлечно. Пандемијата ги засили онлајн состаноците и луѓето станаа посвесни за нивниот изглед на лицето“, велат истражувачите.

    Познати жени кои исто така постигнале високи резултати во ова истражување се Мајли Сајрус, Амбер Херд, Брижит Бардо, Ирина Шајк, Стела Максвел, Џесика Стем и Кејт Мос.

    Некои луѓе веруваат дека ваквото истражување може да има негативни последици бидејќи жените би можеле масовно да почнат да одат на операции на вилица затоа што сакаат да се доближат до „физичкото совршенство“, пишува Klix.ba.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img