Добра вест за сите оние на кои им е преку глава од членовите на семејството кои постојано им кажуваат дека ќе ги разгалат нивните бебиња затоа што ги држат премногу често.Науката вели дека не можете да држите бебе предолго. Допирот е клучен за развојот на бебето и има големи придобивки кога станува збор за развојот на мозокот.
Студија од 2020 година покажа дека физичката близина помеѓу дете и возрасен го активира окситоцинот.
Други слични студии за блискоста родител-дете открија дека допирот помага да се развие комуникација и ја подобрува способноста на родителот да реагира на своето бебе, врзувањето, приврзаноста и невроразвојот.
Во една студија од 2017 година, истражувачите од Nationwide Children’s Hospital во Охајо погледнале 125 предвремено родени бебиња за да истражат како тие реагираат на нежни допири, како оние што би ги добиле од милување на родителите, во споредба со реакциите на допир за време на медицинска процедура.
Студијата откри дека доенчињата кои биле нежно допрени покажале подобар одговор на мозокот од оние кои примале стимули на „лош“ начин, пренесува Index.hr.
Со други зборови, типот на допир е важен за бебињата и што е уште поважно, бебињата кои биле многу гушкани и кои биле допирани со љубов ќе имаат мозок кој се развива поефикасно од бебињата кои не се.
Што значи ова за родителите?
Тоа значи дека родителите треба што почесто да бидат блиску до своите бебиња, особено кога се работи за новороденчиња. Носете ги, галете се со нив и практикувајте контакт кожа на кожа без оглед на коментарите од околината дека тоа ќе го разгали бебето.